Компанијата-мајка на Гугл има најдолг период на раст на вредноста на акциите од 2009 година

Од:

Компанијата-мајка на Гугл, Алфабет, ќе го забележи најдолгиот период на раст на цената на акциите од 2009 година, пред се поради зголемен раст на приходите од реклама.

Вредноста на акциите синоќа порасна за 0,4 отсто до 2.891 американски долари, највисока вредност досега. Така, вкупниот раст на акциите за август надмина 7 проценти. Алфабет ќе запише осми месец по ред раст на акциите – најдолг раст во последните 12 години.

Најновото зголемување на вредноста на акциите донесе 65 отсто поврат за 2021 година, што ја става компанијата пред другите технолошки лидери. По последното зголемување на цената, капитализацијата на Алфабет се приближува до два трилиони долари и само Епл и Мајкрософт се поскапи од неа.

Матичната компанија на Гугл успеа да го искористи закрепнувањето на пазарот за дигитални реклами. Во текот на минатиот месец, објави подобри резултати од очекуваните за вториот квартал од 2021 година.

Би можело да ве интересира

Google Street View повторно на улиците на Северна Македонија

A1on

Рекламирањето многу ги зголеми приходите на Гугл кон крајот на 2021 година

Ана Ололовска

Продажбата на реклами на Гугл му донесе на Алфабет рекордна заработка во третиот квартал

Ана Ололовска

Италија го казни Гугл со над 100 милиони евра

Ана Ололовска

Пандемијата драстично ги зголеми приходите на Гугл остварени од дигитално рекламирање

Ана Ололовска

Гугл инвестира милијарда долари во зделки со медиумски партнери

Ана Ололовска