Кока-Кола отсега ќе се пакува во шишиња од рециклирана пластика

Од:

Американскиот производител на газирани пијалаци Кока-Кола денеска соопшти дека на неговиот најголем пазар-САД ќе почне со употреба на шишиња целосно направени од рециклирана пластика.

Со оваа иницијатива, Кока-Кола би ја намалила употребата на нерециклирана пластика за 20 проценти во Северна Америка во споредба со 2018 година. Со префрлување на шишиња кои би биле целосно изработени од рециклирана пластика, компанијата сака да се вклучи во глобалната борба против пластичниот отпад.

Почнувајќи од февруари, компанијата ќе почне со продажба на своите пијалаци во рециклирани пластични шишиња од 400 милилитри во Калифорнија, Њујорк и Флорида и до пролет во Тексас

Во декември минатата година, здружението #breakfreefromplastic ги прогласи Кока-Кола, ПепсиКо и Нестле за трите најголеми загадувачи на пластика во светот трета година по ред.

Исто така, компанијата прави напори со цел до 2025 година, 100 проценти од примарното пакување што го продава на глобално ниво да може да се рециклира.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Дознајте ги фактите што претходно не сте ги знаеле за Кока-кола

А1он

Акциите на Кока-Кола 100 години на берза

„Пепси“ и „Кока Кола“ ќе го намалат шеќерот во своите пијалаци и ќе го ограничат рекламирањето

Ана Ололовска

Романија мета на критики поради спонзорство од „Кока-Кола“

Кварталните приходи на Кока Кола ги надминаа проценките на Волстрит

Наум Локоски

„Кока-кола“ ќе произведува алкохолен пијалак во Јапонија

Наум Локоски