Ќе стави ли Косово ембарго на македонските производи?

Од:

Косовските власти најавија дека ќе ги спуштат рампите за сите македонски производи од вечерва на полноќ. Оваа закана од косовска страна би била контра – мерка на одлуката на Македонија, државјаните на Косово кои влегуваат во земјата да плаќаат по две евра за патна такса, дополнителни пет евра за автомобил, како и десет евра за влез во државата на камион или автобус.

Во попладневниот телефонски разговор, премиерите на Македонија и Косово, Никола Груевски и Хашим Тачи, не успеале да најдат начин да се надмине состојбата на граничните премини и договор не е постинат. Како што јавува Алсат телевизија, преговорите ќе продолжат во наредните денови.

Министерката за трговија на Косово, Мимоза Кусари, за косовските медиуми изјави дека е можно проширување на листата на стоки кои ќе бидат забранети за увоз на Косово од Македонија. Но, како што рече Кусари, Косово нема да воведе реципрочни мерки за македонските државјани. Таа оценува дека доколку Македонија продолжи на таков начин да ги третираат косовските државјани, тогаш загубите директно ќе се почувствуваат во домашната економија.

Воедно, од Стопанската комора на Македонија денеска реагираа дека трговската војна со Косово претставува лудост и ќе се одрази негативно за македонските фирми.

Трговската размена меѓу Македонија и Косово во 2012 изнесуваше 320 милиони евра, од кои речиси 300 милиони евра отпаѓаат на извозот на македонски производи на косовскиот пазар.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: Македонија и Косово постигнуваат одлично соседско партнерство откако ние сме на власт

Горан Наумовски

ЕУ: Напредокот во нормализирањето на односите со Белград е единствениот начин Приштина да напредува

Таравари: На Косово му е потребно Курти да продолжи уште четири години со владеење

Избори на Косово: Самоопределување има 41,29 проценти од гласовите

Катерина Ѓуровски

Први резултати на ЦИК во Приштина: Самоопределување освои најмногу гласови – 37,18 отсто

Горан Наумовски

Затворени се избирачките места во Косово

Горан Наумовски