Ќе се приватизира грчкиот железнички оператор „Траиносе“

Од:

Европската комисија ја одобри процедурата за приватизација на грчкиот железнички оператор „Траиносе“ и наскоро ќе биде објавен тендер за продажба на компанијата, објави грчкиот весник „Етнос“.

– Со преструктурирањето на „Траиносе“ и претстојната приватизација компанијата нема повеќе да добива државни субвенции, се гарантира нејзино заздравување и развој и ја прави конкурентна во согласност со европските норми, се наведува во писмото од ЕК до грчките власти.

Грчкиот министер за инфраструктура, транспорт и информации Михалис Христохоидис истакна дека приватизацијата на „Траиносе“ „ќе донесе бенифиции за работењето на компанијата и нови инвестиции“.

Интерес за приватизирањето на „Траиносе“ покажа кинескиот гигант КОСКО, а на тендерот ќе учествуваат и руски и француски железнички компании. Интерес покажале и една романска и две американски компании.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит