Министрите за финансии од еврозоната дадоа зелено светло, како што се очекуваше, за доделување на нова транша од помошта во вредност од 1,5 милијарди евра за Кипар.
Исплатата ќе почне кон крајот на септември по одобрение од Европскиот стабилизациски механизам (ЕСМ), фондот за поддршка на еврозоната, се наведува во комуникето на министрите објавено по средбата во Вилнус.