Кинезите го претставија новиот „Nanjing Jiayuan EV“, електрична копија на „Smart Forspeed“

Од:

 Кинескиот производител на автомобили „Nanjing Jiayuan Electric Vehicles“ го патентираше новиот модел што е се само не е оригинален, барем кога станува збор за изгледот, пишува autoholik.net.

Малиот автомобил, имено, неодоливо потсетува на коцептниот „Smart Forspeed“, а како и нема да потсетува кога дизајнот на неговите светла и предната решетка, благо кажано, се копирани токму од оваа креација на германскиот производител.

Кинезите не застанале тука, туку по добро испробаната „copy-paste“ метода со BMW-oвите модели i3 i i8 го пресликале дизајнот, а потоа комплетниот автомобил го вкалапиле во габаритите на моделот „iQ“ на „Тојота“.

Техничките детали не се познати, што е вистинска штета, со оглед на фактот дека „Nanjing Jiayuan EV“ има повеќегодишно искуство во производството на електрични автомобили и автобуси.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on