Кинези ќе ја спасуваат компанијата за хибридни возила „Фискер“

Од:

 Производителот на луксузни автомобили на хибриден погон,компанијата „Фискер“, заради финансиски проблеми веќе шест месеци нема направено ниту еден примерок од моделот „Карма“, иако, според најновите информации, компанијата е на добар пат да излезе од моменталната криза.

Финансиската помош на „Фискер“ може да му пристигне од кинеската група „Wanxiang“. Кинезите неодамна ја купија компанијата „A123 Systems“ во која се произведуваат литиум-јонските батерии за моделот „Карма“.

Во изјавата за Блумберг претседателот на групацијата „Wanxiang“, Пин Ни, изјави дека во интерес на кинеската компанија е да му се помогне на „Фискер“ во обнова на производството. Тој не потврди дека неговата групација планира директни инвестиции во „Фискер“, но не ја отфрли можноста за формирање стратешки сојуз меѓу двете компании.

Претставникот за медиуми на „Фискер“, Роџер Ормишер, одби да ја коментира оваа вест, но кажа дека многу потенцијални партнери покажале интерес за соработка со овој производител на автомобили.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on