Кинескиот гигант Коско доби 67% од акциите на пристаништето Пиреја

Од:

Кинескиот гигант Коско доби 67 отсто од акциите на компанијата, која го менаџира пристаништето Пиреја, јавија грчки медиуми.

Тоа се случи откако управниот совет на грчката агенција за приватизација ја усвои најновата понуда на Коско Груп.

Вредноста на зделката е 368,5 милиони евра.

Приватизацијата во Грција е клучен услов во меѓународните спасувачки планови за Грција од 2010 година, но досега Атина успеа да собере едвај 3,5 милијарди евра од приватизациски зделки поради серија бирократски одложувања и недостиг на политичка волја.

Меѓу плановите на Владата во Атина во 2016 е и продажбата на уште државни активи.

Според новиот тригодишен финансиски план, договорен летото, до 2017 година грчките власти треба да соберат од приватизацијата 6,4 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори