Кинеска компанија ќе инвестира 1,5 милијарди долари на Кипар во изградба на голф-игралишта.
Инвестицијата на Чајна Глори Интернешнал ќе биде во реонот на градот Пафос во јужниот дел од островот.
Се очекува првичните приходи на државата од таа инвестиција да бидат 40 милиони евра. По завршувањето на градежните работи во следните три години приходите на државата ќе достигнат до 300 милиони евра.