Кинеска фирма за инвестиции заинтересирана за иновација на гимназијалци од Штип

Од:

Кинеска фирма за инвестиции пројави интерес за иновацијата која ја смислија петмина гимназијалци од гиманзијата „Славчо Стојменски“-Штип. Средношколката Гордана Арсова вели дека тимот се подготвува за натпревар во Брисел, чиј фонд изнесува еден милион евра. Нивната иновација е правењето на прототипот за маска за мобилен телефон за лицата со Рејнаудов синдром или познат како синдром на студени раце. Изработен е грејач, кој треба да се вгради во маската, со што ќе им се затоплува раката на лицата со Рејнаудов синдром.

– Имаме заинтересираност од кинеска фирма за иновации се вика Фосун. Тие ни пратија е–маил и треба да извршат еден вид на истражување, маркетинг истражување, како ќе се пласира производот на маркетот, вели Арсова.

Инаку петмината штипски гимназијалци заедно со својот ментор Петар Петковски денеска имаа средба со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, Блажо Боев. Петковски вели дека во изминатиот период ја добиле и потребната помош и поддршка од универзитетските професори.

– Секојдневно истражуваме имаме огромна соработка со универзитетот „Гоце Делчев“-Штип, каде што со нивните професори од Машински факултет го подготвиле протипот за натпреварот што следува во Брисел, вели Петковски.

Ректорот на УГД-Штип, Блажо Боев вели дека ваквата соработка е вистинска и води кон правиот пат за да имаат и квалитетни студенти кои ќе се запишат на нивните факултети, а иновацијата на штипските гимназијалци води и кон создавање на нов производ, кој ќе отвори и нови работни места.

– Во секој случај со гимназијата имаме и други соработки кои не само што се однесуваат на помош во едукацијата, туку и во конкретна помош, која ќе следи со отварање на некои простории, кои ќе бидат опремени од страна на универзитетот, вели Боев.

Петмината средношколци од гимазијата „Славчо Стојменски“-Штип претходно ја освоија првата награда на меѓународниот натпревар за стартапи „Get in the ring“ во категоријата за електронско здравство, со што им го отвори и патот кон натреварот во Брисел.

Би можело да ве интересира

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски