Кина: Пуштена најдолгата брза железничка линија во светот

Од:

Во Кина денеска беше пуштена во употреба најдолгата железничка пруга за брзи возови во светот, меѓу Пекинг и главниот административен центар на јужната провинција Гуандонг, градот Гуангџоу.

Вкупната должина на железничката пруга е 2.200 километри. Брзината на движење на возовите на новата линија достигнува 300 километри на час. Пуштањето во работа на линијата ќе го намали патувањето од Пекинг до Гуангџоу од сегашните 22 часа на 8 часа.

Кинеските власти изминатите години инвестираа големи средства во разгранување на железничката мрежа и изградбата на експресни железнички линии.

До 2015 година според планот на Државниот совет на Народна Република Кина треба да биде завршена изградбата на четири главни магистрали, кои ќе бидат дел од главната мрежа на брз железнички транспорт. Две од нив ќе ја поврзуваат земјата од исток кон запад и две од север на југ.

Со пуштањето во употреба на линијата Пекинг-Гуангџоу вкупната должина на експресни линии во земјата изнесува 9.300 километри. Според ова Кина го презема првото место во светот.

Би можело да ве интересира

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Се зголеми кинескиот извоз

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок

Трамп: Се надевам дека САД и Кина на крајот ќе постигнат договор за царините

Горан Наумовски