Кина планира да инвестира во фабрика за лековити билки во Србија

Од:

Кина е заинтересирана за инвестирање во производство на лековити билки во Србија и во посета на српското Министерство за земјоделство престојува кинеска делегација.

Според кинескиот амбасадор во Србија, Ли Манчанг, целта на посетата е воспоставување соработка за производство на лековити билки.

– Сакаме да инвестираме во изградба на фабрика за преработка на лековити билки. Ако почнеме овде да одгледуваме лековити билки, тогаш Кина може да почне да увезува се што се произведува во Србија, изјави Манчанг.

Кинескиот амбасадор во Србија нагласува дека целокупното производство во Србија би било малку за задоволување на потребите на Кина и посочува дека се уште нема меѓудржавен договор за извоз на српска пченка и пченица.

Освен земјоделството, Манчанг посочува дека кинеските компании се заинтересирани за соработка со партнери од Србија во областа на ИКТ, заштита на животната средина и одржлив развој, електро и фармацевтската индустрија.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски