Кина со одговор до САД- давачки за американскиот увоз во висина од три милијарди долари

Од:

Кина соопшти дека планира да воведе царина на американскиот увоз во вредност од три милијарди долари, како одговор на царината на САД врз кинеските челични и алуминиумски производи.

Двете најголеми економии во светот се на раб на трговска војна.

Кинеското Mинистерство за трговија изјави дека Пекинг размислува за 15 отсто царина врз американските производи, вклучувајќи ги и сувото овошје, виното и челичните цевки и 25 отсто давачки за свинско месо и рециклиран алуминиум.

Кина состави список од 128 американски производи, што можат да бидат засегнати, ако двете држави не успеат да се договорат за трговските прашања.

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе трговски мерки против Кина со образложение дека дефицитот на САД со Кина е „вон контрола“ и дека изнесува 504 милијарди долари. Тој го обвини Пекинг за кражба на интелектуална сопственост.

– Тоа е најголем дефицит што го има која било држава во историјата на нашиот свет. Тоа е вон контрола, изјави Трамп пред потпишувањето на меморандумот.

– Имаме и актуелна ситуација и со огромната кражба на интелектуална сопственост што изнесува стотици милијарди долари, додаде Трамп.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски