Кина ги поддржува напорите на Анкара за зачувување економската стабилност

Од:

Кина ги поддржува напорите на турската Влада за зачувување на безбедноста и економската стабилност и верува дека претставниците на Анкара ќе ги надминат нивните „привремени потешкотии“, посочи денеска шефот на кинеската дипломатија Ванг Џи при телефонскиот разговор со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

За време на разговорот со Ванг, Чавушоглу зборувал за моменталната ситуација во Турција, наведувајќи дека неговата Влада е подготвена да ја подобри стратешката комуникација со Кина.

Како што јави МИА, турската лира изгуби една третина од нејзината вредност во однос на доларот, оваа година, за време на влошувањето на односите меѓу НАТО сојузниците, Туција и САД.

Би можело да ве интересира

Кина го поддржа планот на Украина, Европа и САД

Катерина Ѓуровски

Турција се приклучи на „коалицијата на спремните“, подготвена е да го надгледува мирот

Кина и САД ги почнаа преговорите за царините

Ердоган: Ја потврдувам непоколебливата поддршка на Турција за кипарските Турци

ВИДЕО: Пресврт во трговската војна, САД бара преговори

Турската полиција денеска уапси најмалку 250 граѓани кои протестираа во Истанбул