КИА Крос ГТ концепт

Од:

Јужнокорејскиот производител на автомобили КИА на претстојниот Саем на автомобили во февруари во Чикаго ќе претстави концепт возило со кое ќе го најави идниот голем кросовер модел на компанијата.

Првите фотографии, што КИА ги објави пред Саемот во Чикаго, ја откриваат силуетата и предниот дел на возилото на кој доминира маската од ладилникот обликувана во склад со новата дизајнерска филозофија на компанијата „тигарски нос“.

КИА Крос ГТ концепт има модерен спортски изглед, а благодарение на тесните светла и истакнатиот преден дел малку потсетува на моделот Ренџ Ровер Евоук.

Компанијата наведува дека овој концепт сака да го најави новиот стилски јазик што ќе биде застапен кај идните премиум модели од Crossover Utility Vehicle сегментот.

КИА не објави повеќе детали за идниот модел, освен дека ќе заземе место над новото Соренто во гамата модели на компанијата.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on