Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија одобри продажба на сопствени акции по пат на приватна понуда на Друштвото за градежништво „Бетон” АД Скопје.
Како што соопшти Комисијата за хартии од вредност, предмет на продажба се 2.751 сопствени обични акции со номинална вредност по акција од 255,65 евра и продажна вредност по акција од 4.200 денари. Вкупната продажна вредност на сопствените акции е 11.554.200 денари.
Приватната понуда е упатена за познатиот купувач – правното лице “РЖ Техничка Контрола” АД Скопје .
Сопствените акции кои се предмет на продажба претставуваат 5,04 проценти од основната главнина на “ДГ Бетон ” АД Скопје.