КХВ му одобри на АД „Македонски енергетски ресурси“ да издаде долгорочни хартии од вредност

Од:

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 127-мата седницасо која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска, а се одржа денеска на 14 декември, 2017 година на Акционерското друштво за вршење на енергетски дејности „Македонски енергетски ресурси“ Скопје му даде одобрение да издаде долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда.

Станува збор за 10390 обични акции во вкупен износ од 1.039.000 евра.

Оваа петта емисија на обични акции се врши со влогови зазголемување на основната главнина на Друштвото заради создавање услови за непречено функционирање.

Емисијата на акции е наменета за познат купувач, односно за постојниот единствен акционер- Владата на Република Македонија како институционален инвеститор.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска