Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) на 114-тата седница ја прифати понудата за преземање на акции издадени од „Технокомерц” АД Скопје што ја даде лицето Илија Филиповски.
Како што информираат од КХВ, понудата за преземање била прифатена од вкупно 22 сопственици на обични акции со право на глас во „Технокомерц” АД Скопје кои поседуваат вкупно 3.688 обични акции што претставува 16,76 отсто од вкупниот број на обични акции со право на глас.
– Врз основа на оваа понуда, преземачот Илија Филиповски се стекна со 3.688 обични акции и заедно со акциите што веќе ги поседува има вкупно 11.184 обични акции, што претставува учество од 50,84 проценти од вкупниот број на обични акции, издадени од “Технокомерц” АД Скопје, соопшти КХВ и прецизира дека преземањето на хартиите од вредност се изврши по цена од 1.000 денари по акција.