Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност брокерската куќа “Иново Брокер ” АД Скопје да врши прием и пренос на налози за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари на хартии од вредност.
Тоа, како што стои во соопштението, значи дека со оваа нова услуга, ” Иново Брокер” АД Скопје ќе може да се приклучи на регионалната платформа за тргување со хартии од вредност котирани на Бугарската, Загрепската, Белградската, Љубљанската и на Македонската берза.
Брокерската куќа “Иново Брокер” АД Скопје е последната од единаесетте членки на Македонската берза која ги исполни условите за да се приклучи на регионалната платформа СЕЕ Линк.
На седницата што се одржа денеска, а со која претседаваше со која претседателот на КХВ Елизабета Чингаровска, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија обнови три дозволи за инвестициски советници и две лиценци за работа на брокер.