КХВ даде дозвола за преземање Триглав Осигурување АД Скопје од Триглав ИНТ д.д. Љубљана

Од:

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија (КХВ) на денешната седница издаде дозвола за давање понуда за преземање на Триглав Осигурување АД Скопје од страна на Триглав ИНТ холдиншка дружба д.д. Љубљана, Република Словенија.

КХВ соопшти дека понудата за преземање се однесува на 16.020 обични акции со право на глас издадени од Триглав Осигурување АД Скопје, а преземањето на хартиите од вредност ќе се врши по цена од 14.640 денари по акција.

На оваа седница Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија даде согласност за именување на Даринка Дамјановиќ, дипломиран правник од Скопје, за извршен директор на Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје. Дамјановиќ на оваа позиција доаѓа од редот на вработените во Депозитарот и има долгогодишно искуство во работењето на Депозитарот кое започнува од самото негово основање.

На претходната седница на Комисијата одржана на 22 јуни, 2017 година издадено е одобрение на ПроКредит банка АД Скопје за издавање на долгорочни хартии од вредност по пат на приватна понуда – петта емисија на 600.000 обични акции во вкупна вредност од 3.000.000 евра, односно во денарска противвредност од 185.088.300 денари.

Со петтата емисија на акции, ПроКредит банка АД Скопје врши зголемување на основната главнина со трансформирање на заем во траен влог даден од страна на единствениот акционер на Банката ПроКредит Холдинг АГ & Цо. КГаА, од Франкфурт на Мајна, Сојузна Република Германија за кој всушност се наменети акциите од оваа емисија, соопшти КХВ.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска