Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 107- мата седница што се одржа денеска на лицата Димитар Поповски и Иљо Кузманов им издаде дозвола да дадат понуда за преземање на “Единство” АД Струмица.
Како што соопшти КХВ, понудата се однесува на 20.203 обични акции со право на глас, издадени од “Единство” АД Струмица, кои претставуваат 50,01 отсто од основната главнина на друштвото. Преземачите се обврзуваат да ги откупат хартиите од вредност по цена од 303 денари по акција.
Од Комисијата појаснуваат дека најмалата количина на хартии од вредност која треба да се прифати, за понудата за преземање да се смета за успешна изнесува 25,03 проценти од вкупниот број обични акции, со право на глас издадени од “Единство” АД Струмица. Во понудата се наведува дека преземачите Димитар Поповски и Иљо Кузманов би поседувале 75,02 отсто од вкупниот број на обични акции со право на глас издадени од “Единство” АД Струмица.
Понудата за преземање во име и за сметка на преземачите ја дава Одделот за работа со хартии од вредност при “ТТК Банка” АД Скопје.