КХВ: „Балкан Петролеум“ не доби дозвола за понуда за преземање на „Макпетрол“

Од:

„Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија на 128-мата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ М-р Елизабета Чингаровска одлучи на „Балкан Петролеум“ Холдинг Лимитед да не му се издаде дозвола за давање понуда за преземање на „Макпетрол“ АД Скопје.

Ваквата одлука, КХВ ја донесе откако на 18 декември, 2017 година со допис од страна на другиот државен органбеше известена дека e решeно претходното прашање.

Комисијата констатира дека не се исполнети условите од Законот за преземање на акционерски друштва, според кои Проспектот и Понудата за преземање треба да се изготвени во согласност созаконот. Имено, според член 21 став 2 од Законот за преземање на акционерски друштва, акционерите на целното друштво мораат да бидат целосно, точно и навремено информирани за понудата за преземање за да имаат доволно време правилно да ја оценат понудата, да ги дефинираат своите интереси и да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање. Овие информации акционерите ги добиваат токму од Проспектот кој во себе содржи детални податоци за понудувачот и за понудата за преземање, за изворите на финансирање на понудата за преземање, целта на понудата за преземање, намерата и плановите на преземачот во врска со целното друштво и сл.

Оттука, по добивањето на дописот од другиот надлежен орган, Комисијата на денешната седница констатира дека во конкретниот случај не може доследнода се применува член 27 став 3 од Законот за преземање на акционерски друштва, поради што Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија како регулатор на пазарот на капитал не смее да толерира на акционерите да не им се достапни сите потребни и релевантни податоциза „Балкан Петролеум“ Холдинг Лимитедза да донесат одлука за прифаќање или одбивање на понудата за преземање на „Макпетрол“ АД Скопје .

Исто така на седницата, Комисијата даде согласност Василка Николовска во наредните четири години да раководи соОдделотзаработасохартииодвредностпри „ТТК Банка“ АД Скопје. КХВ обнови и една дозвола за брокер“, се вели во соопштението на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Склучен нов Меморандум за соработка меѓу Народната банка и Комисијата за хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ предупредува: Finance Group One нема дозвола да нуди услуги за инвестирање

Ана Ололовска

Заради измамнички и манипулативни дејствија, КХВ трајно му ја одзема дозволата на Друштвото за инвестиционо советување Ј.К. Морган и Велтх Менаџмент

Жарко Настоски

КХВ и наложи на Македонската берза привремено да го прекине тргувањето со акциите од ЗК Пелагонија

Македонски средношколци ќе учат за пазарот на хартии од вредност

Ана Ололовска

КХВ на заедничка маса со берзанската индустрија

Ана Ололовска