Катастарски услуги за фирмите и институции само електронски од 1 октомври

Од:

Агенцијата за катастар на недвижности ја пушти во функција надградената апликација „еКат шалтер“ преку која геодетските фирми, министерствата, општините, банките, нотарите и извршителите ќе можат електронски да поднесуваат барања за податоци за инфраструктурни објекти и барања за промени или запишување во катастарот на инфраструктурни објекти.

Од Катастарот денеска информираа дека ваквите барања ќе можат да се поднесуваат во хартиена форма до 1 октомври, а потоа поднесувањето ќе биде само електронски.

– Надворешните професионални корисници (геодетски фирми, надлежни министерства, општини, банки, нотари и извршители) преку апликација еКат Шалтер ќе можат да добијат имотен или евидентен лист за инфраструктурни објекти, лист за предбележување на инфраструктурни објекти, да поднесат барање за запишување инфраструктурен објект, да поднесат барање за промени во податоците во катастарскиот операт на инфраструктурни објекти и катастарскиот план, истото тоа да го направат и врз основа на правни акти, да поднесат барање за запишување или бришење на хипоитеки на инфраструктурни објекти и други товари и ограничувања. Надворешните професионални корисници исто така ќе можат да поднесат барање за предбележување на инфраструктурни објекти, исправка на техничка грешка по барање на странка, или бришење на инфраструктурни објекти и на предбележани инфраструктурни објекти, појаснуваат од Катастарот.

За оваа намена подготвен е и прирачник којшто може да се најде на веб страницата на Агенцијата (www.katastar.gov.mk).

Би можело да ве интересира

Од денеска поевтини катастарски услуги

Катастарските услуги поевтинуваат до шест пати

Катерина Ѓуровски

Во првиот квартал 1.953 хипотеки на недвижности со вредност од 326.659.594 евра и 3.315.341.507 денари

Горан Наумовски

Прво намалување на цените на становите после четири години раст

A1on

Рибароски: Агенцијата за катастар води хајка против приватните геодетски компании во спрега со судовите

Комора на геодетски друштва: Новиот тарифник е пресметка на директорот со приватните компании

A1on