Канадски Империјал Оил со пораст на профитот од 55 проценти

Од:

Канадскиот Империјал Оил соопшти дека ја зголемил продажбата во првиот квартал на 2018 година за 55 проценти, благодарение на солидниот пораст во секторите рафинирање на нафта и производство на хемикалии.

Компанијата соопшти дека растот во овие две одделенија помогнале да се намалат загубите од ниската цена на нафтата. Империјал Оил е втората најголема нафтена компанија во Канада и е во мнозинска сопственост на Ексон Мобил, со кој инвестира во наоѓалиштата на нафтени шкрилци во Алберта.

Нето приходите во првиот квартал на годината изнесувале 400 милиони американски долари, а бруто продажбата била нешто под седум милијарди долари.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Победа на либералите во Канада: Америка никогаш нема да владее со нас

ВИДЕО: Деветмина мртви на филипинскиот фестивал во Ванкуваер откако возач влета во група луѓе

ВИДЕО: Со автомобил удри во група луѓе во Ванкувер, има мртви и повредени

Катерина Ѓуровски

Канада возврати на царините на Трамп

Тревога во Отава: „Заклучете ги сите врати”, бројни полициски сила се на терен

Горан Наумовски

ВИДЕО: Нијагарините водопади обоени во црвено-жолта боја во спомен на жртвите во катастрофалниот пожар во Кочани

Катерина Ѓуровски