А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Економија

Kаматите на штедните влогови нема да се оданочуваат до влезот во ЕУ

by А1он13/11/2012 - 17:28184
Share0

Се продолжува рокот за неоданочување на приходите на камата на штедните влогови. Владата усвои измени на Законот за персонален данок со кој рокот се продолжува до влезот на Македонија во Европската унија, наместо како што беше предвидено од почетокот на 2013 година.

Добивај вести на вибер

Ова го соопшти вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески истакнувајќи дека таа е исклучително позитивна мерка со тоа ќе се придонесе да се поттикне и да се задржи позитивниот тренд кај штедењето, но ќе значи обезбедување свеж капитал за стопанството.

– Мерката ќе има придобивки за вкупната економија и придобивки за банките односно ја обездува стабилната депозитна база на банките од која тие ги финансираат стопанските субјекти. За граѓаните е позитивна мерка, бидејќи целиот приход што го добиваат од камати им останува на нив и не треба да плаќаат данок, а е позитивна за стопанството бидејќи истовремено на нивните депозити нема да се плаќа данок, а истовремено ќе има поголем депозитивен потенцијал што ќе овозможи полесно да се добијат кредити, рече министерот на денешната прес-конференција.

Според него, ова е една мерка што вкупно е позитивна од сите аспекти на економијата, иако на некој начин буџетот останува без еден потенцијален приход, кој според одредена проценка изнесува околу 20 милиони евра. – Со неа, појасни министерот, Владата практично повторно се откажува од потенцијален приход. Во европските земји е практика да се оданочуваат тие приходи и тоа би значело регуларен приход за буџетот, но како и низа други мерки што претходно беа донесени Владата одлучи од дел од овие приходи да се откаже да не ги добие средствата во корист на македонската економија, граѓаните, банките и пред се фирмите кои се многукратно покорисни и поважни ефекти.

Вкупните депозити во Македонија, како што рече министерот изнесуваат 238 милијарди денари од кои 71 процент, односно 171 милијарда денари се штедни влогови на населението каде имаме пораст од 9 проценти во однос на септември 2011, а кај вкупните депозити порастот е 5,7 проценти. Според него со мерките што ги презема се насојува да се задржи добриот позитивен тренд кај штедењето.

– Во Република Македонија имаше позитивни трендови во однос на штедењето. Во текот на сите изминати години, иако беше криза во Европа во Македонија штедењето имаше пораст, кој не е случаен бидејќи уште во 2007 и 2008 година кога стапките на штедење беа високи и кои беа над 30 проценти пораст на штедењето, заради кризата беше тоа загрозено и Владата и тогаш интервенираше со мерки како зголемување на осигурените штедни влогови што помогна за порастот на штедењето да продолжи и во периодот на криза. Сега Владата повторно интервенира со ваква мерка ги ослободува од данок каматите на штедни влогови што ќе овозможи тој позитивен тренд на пораст да продолжи и во текот на идните години, истакна министерот Ставрески.

ekonomija

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Предраг Петровиќ01/05/2025 - 15:30

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Горан Наумовски01/05/2025 - 14:20

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ26/04/2025 - 13:0026/04/2025 - 13:04

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Предраг Петровиќ26/04/2025 - 10:33

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски25/04/2025 - 14:2025/04/2025 - 14:31

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана

Горан Наумовски25/04/2025 - 13:04
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен