Кајсиите на удар, временските услови поволни за есенските посеви

Од:

Снегот што падна првите два дена откако земјава ја зафати бранот врнежи, може да предизвика штети кај кајсиите зашто поради ниските утрински температури, се задржа на цветот. Во овој период најосетливи се раните сорти кајсии, вели агрометеорологот Ангелко Ангелески за МИА.

Кај останатото коскесто овојше не би требало да има штети. Можно е само проредување на плодот. Но, тоа нема да се одрази врз вкупниот принос, туку ќе резултира со помалку, а поголеми плодови. Јаболчестите видови, пак, покасно цватаат и поради тоа во овој период може да издржат пониски темратури.

И кај виновата лоза, како и кај градинарските култури, проблеми не се очекуваат. Лозата е во рана вегетација, а пластениците не може значително да се оладат поради постиденто време.

Врнежите ќе ја забават седибата на сончогледот. Условите не дозволуваат да се спроевде иако земјдоелците се подготвени. Можно е да се забави и расадот за тутунопроизводството.

Според Ангелески, врнежите снег и ваквото време се поволни за есенските посеви.

-Состојбата не е добра зашто неколку дена трае ваквото време. Посебно беа критични првите два дена кога снегот се задржуваше на цевтотвите на овошките поради ниските утрински температури кои беа и негативни. Можни се штети кај кајсијата, посебно кај раните сорти. Таму веќе има уништување на плодот со оглед дека се осетливи на температура од -0,6 до -1 степен, истакнува Ангелески.

Сега, додава, ситуацијата е малку пооптимистичка зашто температурите не се толку ниски.

-Струењето на ветерот полека забавува, не нагло. Времето е облачно и поради тоа нема да има драстичен пад на температурите. Следната недела преку ден ќе биде и до 17 степени, атмосферата ќе се загрее доволно. Сепак, ништо не можеме да предвидиме, истакнува Ангелески.

Негова оценка е дека врнежите нема да бидат доволни за да ја подобрат позначително состојбата со акумулациите.

-Вештачките акумулации ќе добијат изесно колиество вода зашто падна снег и на пониските места. Но, не значи дека со овие врнежи ќе го решиме проблемот со полнење на акумулациите кои беа премногу празни, на минималното ниво, а вода ќе ни треба за новото пролетно производство, нагласува Ангелко Ангелески.

Би можело да ве интересира

Македонските јаболка најпогодени од руските санкции, неизвесен извозот и на праската и црешата

Ана Ололовска

Николовски од Ресен: Производителите на јаболка за прв пат оваа година ќе имаат две исплати за субвенции

А1он

Бавен откупот на преспанското јаболко, производителите бараат продолжување на субвенциите

Ана Ололовска

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко

Ана Ололовска

Зголемување на органското производство кај житата, овошките и грозјето, драстичен пад кај индустриските култури

Ана Ололовска

Преспанските јаболкари добија поддршка од ресенскиот градоначалник во барањата околу цената

Жарко Настоски