Во наоѓалиштата за гас во Средоземно Море во близина на островот Крит има гас во вредност од 427 милијарди евра, се наведува во извештајот на „Дојче банк“ цитиран од грчкиот весник „Етнос“.
„Дојче банк“ првпат официјално зборува за такви наоѓалишта во тој реон. Авторот на извештајот Марк Вол истакнуав дека ако се потврдат геолошките истражувања, грчката држава ќе инкасира 214 милијарди долари, што е 107 проценти од сегашниот бруто домашен производ на Грција.
Во реонот на Јонско Море и јужно од Крит во моментот норвешката компанија ПГС врши геолошки истражувања, но „Дојче банк“ оценува дека парите од наоѓалиштата на гас Грција ќе може да ги добие во 2020 година, кога нејзиниот долг ќе биде намален на 120 проценти од БДП.
За да почне да се добива гас од наоѓалиштата потребни се осум до десет години. Ако се потврди дека во наоѓалиштата на гас има толкаво количество Грција ќе биде 15 земја во светот, производител на природен гас. „Дојче банк“ во извештајот посочува дека наоѓалишта на гас има и во Јонско и во Егејско Море.