Кипар не може да добие спасувачка финансиска програма пред март, изјави денеска претседателот на Еврогрупата и премиер на Луксембург, Жан Клод Јункер.
Тој пред денешниот состанок на министрите за финансии од еврозоната истакна дека на средбата ќе биде разгледано кипарското прашање, но напомена дека нема да биде донесена одлука за спасувачкиот пакет, бидејќи преговорите се уште траат.
Кипар, за да ги рекапитализира банките и за да спречи евентуален банкрот има потреба од финансиска поддршка во вредност од околу 17 милијарди евра, што речиси е еднакво на годишниот бруто домашен производ на островската држава.