На 4 октомври 2023 година, Управата за јавни приходи изврши даночен преглед во просториите на Тотал ТВ и нејзините независни агенти. Тотал ТВ е сателитски платен ТВ оператор кој е дел од компанијата Јунајтед Груп (анг. United Group).
Тотал ТВ и нејзините агенти целосно соработуваа со инспекторите и ги обезбедија сите потребни информации. Јунајтед Груп ги почитува даночните закони во сите земји во кои работи, вклучително и Република Северна Македонија. Компанијата е уверена дека тековните даночни инспекции ќе покажат целосна усогласеност од страна на Тотал ТВ со сите даночни и законски барања.
Во последните два дена српските провладини таблоиди шират злонамерни и неосновани гласини во врска со даночната инспекција. Јунајтед Груп управува со единствениот независен ТВ канал во Србија и како резултат на тоа, редовно е напаѓан и оцрнуван од провладините таблоиди.
„Информер“ и другите српски таблоиди пренесоа невистини за целите на истрагата во нивното покривање на веста, што имплицираше дека е вклучена и самата „Јунајтед груп“, како и нејзините акционери. Даночниот преглед се однесуваше само на Тотал ТВ. Згора на тоа, таблоидите грубо ја нарушија презумпцијата на невиност и тврдеа дека Тотал ТВ е виновна за даночно затајување.
За жал, одредени медиуми надвор од Србија ги објавија овие клеветнички наводи без да го проверат нивното потекло или да направат било какви истражувања. Јунајтед Груп ќе ги преземе сите неопходни правни дејствија за да го одбрани својот углед и да ја врати вистината.
За Јунајтед груп:
Јунајтед груп со седиште во Холандија е водечки телекомуникациски и медиумски оператор во Југоисточна Европа. Активна во осум земји, компанијата има повеќе од 15,5 милиони корисници и речиси 15.000 вработени. Таа генерира речиси 2,7 милијарди евра годишни приходи. Јунајтед групp има најширока мрежна покриеност во регионот и им нуди на корисниците најатрактивниот избор на ТВ содржини од целиот свет. Значајните инвестиции во дигиталната инфраструктура, содржината и технологијата обезбедуваат извонредност на производите и услугите што ги обезбедува на клиентите. Јунајтед груп е во мнозинска сопственост на BC Partners, една од најголемите светски инвестициски компании, од март 2019 година. За повеќе информации посетете ја веб страницата: https://united.group/
ПР текст