Јовановски: Колку им должи владата на фирмите?

Од:

СДСМ уште пред две години поставила прашање колку Владата им должи на фирмите, но владата одбивала да каже.

„Бидејќи Владата цело време тврди дека навреме си ги плаќа обврските и дека нема долгови, ја повикавме редовно да објавува на интернет страницата на Министерството за финансии дали и колку им должи на фирмите. И тоа одбија да го направат“, изјави на прес конференција Зоран Јовановски потпретседател на СДСМ.

Според него, меѓународниот монетарен фонд во својот најнов извештај го потврдил она што СДСМ го зборувал веќе две години.

„ММФ јасно кажа дека Владата доцни со плаќањето на своите обврски и доцни со повратот на ДДВ. ММФ јасно кажа дека има бројни укажувања на бизнисмените за доцнење на Владата со плаќањето, што значи дека неплатениот долг на Владата може да е и поголем износ“, изјави Јовановски.

Тој се повика на извештајот на ММФ дека минатата година Владата не платила навреме повеќе од 7 милиони евра на странска фирма од која е купен дел од медицинската опрема.

„Тоа е платено оваа година, но со камата за доцнењето. Многу е лесно така, премиерот да се фали со опремата, а сите граѓани да ја платат каматата за неговото доцнење со плаќањето.

Проблемот со долгот на државата кон фирмите е еден од најголемите проблеми на македонската економија. Колкав е точно тој долг ќе знаеме после промената на власта. Тогаш ќе се види дека приказните на Владата дека сé си плаќала навреме и во целост се само приказни за мали деца. Тогаш и ММФ и Светска банка и сите други ќе имаат многу поинакво видување за периодот на владеење на Груевски“, рече Јовановски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Не може да има шест милијарди евра Буџет, а да нема пари за поголеми плати на работниците

Петрушевски: СДС останаа последното упориште на Артан Груби

Филипче од Прилеп: ДПМНЕ го понижи трудот на работниците

А1он

Битиќи: Јавниот долг веќе изнесува 70% од БДП!

А1он

Мицкоски се кити со туѓи перја – 90 отсто од пругата Куманово – Бељаковце беше завршена од СДСМ, велат од опозицијата

А1он

(ВИДЕО) Зеќири: СДСМ бара оставки од Таравари и Мемеди