Јованов: МАКАМТРАНС да го добие новиот договор за наменски плац за камионџиите

Од:

Независниот синдикат на камионските транспортери на Македонија-НСКТМ МАКАМТРАНС денеска на прес-конференција информира дека со предупредувачки протест сакаат да му кажат на премиерот Заев и на македонските граѓани за, како што велат, огромната кражба на буџетски пари изведена од урбано-политичката мафија, предводена од криминалните структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Претседателот на МАКАМТРАНС Страшо Јованов појасни дека се работи за незаконско спроведена продажба на делови, парцели од плацот на камионџиите кои од 2002 година е во владеење на Синдикатот МАКАМТРАНС. Се работи за, како што рече, капитал во висина од 10 до 30 милиони евра, украдени директно од македонските даночни обврзници.

– Премиере Заев, покрај вашата директна препорака до министерот Сугаревски за потпишување нов договор за трајно користење наменски плац за членовите на МАКАМТРАНС за да може да биде ослободен сегашниот плац заради реализација на ДУП-от, се уште не е реализирана средбата со министерот, рече Јованов.

Според него, градоначалникот на општина Гази Баба Борис Георгиевски наместо да почне со преиспитување на сите противзаконски дејствија на претходната општинска структура и да почне со нивно кривично гонење, тој ги продолжува нивните криминали, овозможувајќи им „на вмровските урбано-мафијашки криминалци уште поголеми кражби од буџетот на Република Македонија“.

– Бараме вие како претседател на Советот за реформи, специјалната обвинителка Катица Јанева и јаваниот обвинител Јовевски веднаш да ги преземете сите законски дејствија за конечно расчистување со урбано-поитичката мафија во Македонија, а МАКАМТРАНС да го добие новиот договор за наменски плац за камионџиите согласно членот 5 и 6 од претходниот договор со државата, рече Јованов.

Тој нагласи дека дека од вчера протестираат пред општина Гази Баба и најави оти ќе бидат таму се додека не добијат одговор од градоначалникот Георгиевски. Нему вчера му ги доставиле своите барања во писмена форма и добиле одговор оти тој се уште ги разгледува.

Би можело да ве интересира

Превозниците бараат приорите за издавање документи

Стандардот на граѓаните ќе се намали со зголемување на цените на струјата и горивата, тврдат од независните синдикати

Катерина Ѓуровски

Синдикатите од транспортот и градежништвото побараа намалување на цената на струјата за 50 проценти

Независни синдикати бараат да се обнови листата на работници со бенефициран стаж

Ана Ололовска

Спасовски со претставници на „Макам-транс“: Важна е солидарноста од сите страни, дијалогот носи решенија

А1он

Транспортерите на протест – наместо зголемена акциза бараат да се воведе прогресивен данок

Ана Ололовска