Јордан Димитровски, МАСИТ: Конференцијата “Recode reality” ќе биде најава за редефинирање на ИТ-технологијата во Македонија

Од:

МАСИТ на 3 декември оваа година ќе ја одржи годишната конференција под наслов „Recode Reality“. Темата на конференцијата носи силна порака, односно потреба од редефинирање на улогата на технологијата во општеството, бизнисот и секојдневието.

Според претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, „Македонија има солидна телекомуникациска инфраструктура и стабилна интернет-покриеност, но дигиталната инфраструктура не е само технологија — тоа е и институционален и човечки капацитет. Тука имаме најмногу работа.“

На конференцијата ќе учествуваат реномирани домашни и странски говорници, компании, претставници од институциите и бројни партнери, а се очекува дека ќе се разговара за конкретни предлози и партнерства и дека ќе се опфатат теми за:

· дигитална инфраструктура и телекомуникации,

· вештачка интелигенција,

· сајбер-безбедност,

· дигитални вештини

За МАСИТ, како стопанска комора на ИКТ-индустријата, целта во наредните три години е јасна., според Димитровски, „мораме да имаме конкретни резултати во дигитализацијата, подобра регулатива и силни политики за поддршка на технолошкиот сектор“, во партнерство со институциите на државата.

Голем потенцијал за развој е процесот на дигитализацијата, но тука се потребни суштински реформи. Димитровски вели: „Македонија има добра техничка основа, но целосната дигитализација бара поврзани системи, отворени податоци и функционални е-сервиси. Она што треба да го научиме од соседите е дека државата може да биде катализатор, а не само регулатор на дигиталниот развој. Регионалната соработка е клучна ако сакаме да бидеме конкурентни во Европа.“

МАСИТ оваа година ја одбележува 25-годишнината од своето постоење и планира да ја зајакне својата улога како стратешки партнер на државата и бизнис-заедницата, со фокус на:

унапредување на јавните политики и застапување на интересите на ИКТ-индустријата,интернационализација и подобро регионално позиционирање,
како и поддршка за иновации, вмрежување и пристап до донаторски и европски фондови.

Би можело да ве интересира

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата

Фицо ги повика партиите да го поддржат писмото испратено до Зеленски за транзитот на руска нафта

Предраг Петровиќ

Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за сите корисници, без бариери и со неограничен интернет

Светските економии да се подготват: Доаѓаат незамисливи шокови

Предраг Петровиќ

АЛТА банка ја претставува новата апликација ALTA Bank2Go за побезбедни онлајн трансакции