Јирген Ригтерник нов претседател на Европска банка за обнова и развој

Од:

Претседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), Сума Чакрабарти, денеска ја напушта досегашната функција, завршувајќи го својот втор мандат на должноста, онолку колку што е дозволено според прописите на таа институција.

– Европската банка за обнова и развој сега е незаменлива развојна банка, рече Чакрабарти во обраќањето по повод заминувањето, објавено на официјалната веб-страница на ЕБОР.

Чакрабати, британски државјанин, двапати победи на изборите за прв човек на ЕБОР, во 2012 и 2016 година, првпат во историјата на таа инстутуција. Тој се придружи на банката со мандат да ја модернизира, а фокусираноста на таа цел и овозможи на ЕБРД да оствари рекордни инвестиции и влијание врз развојот на економиите во транзиција, како и да постигне поголема финансиска одржливост.

Чакрабарти рече дека ја напушта Банката во добра состојба и дека улогата на оваа институција е клучна за постигнување на глобалната развојна агенда.

– Според мене, ЕБРД е неопходна банка за развој. Развојната агенда е променета. Преминавме на цели за одржлив развој. Знаеме дека тие не можат да се постигнат без приватно финансирање и приватниот сектор. Тоа е она што го прави ЕБРД , рече претседателот во заминување.

Првиот потпретседател на ЕБРД, Јирген Ригтерник, кој од 2018 година работи во банката на управување со банкарски и политички работи, од 3 јули ќе ја извршува работата на вршител на должноста претседател на ЕБРД.

Наследникот на Чакрабарти треба да биде избран на Годишното собрание на Банката, кое беше преместено од 13 и 14 мај на 7 и 8 октомври 2020 година, поради пандемијата.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски