Јапонската СофтБанк ќе инвестира 50 милијарди долари во САД

Од:

Јапонската телекомуникациска компанија СофтБанк планира да инвестира 50 милијарди долари во бизниси во САД и да создаде 50 илјади нови работни места, изјави вчера новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп.

Тој веста ја соопшти во фоајето на „Трамп тауер“ на Менхетен, по средбата со главниот извршен директор на СофтБанк, Масајоши Сон.

– Дами и господа ова е Маса од јапонската СофтБанк. Тој само што се согласи да инвестира 50 милијарди долари во САД и да создаде 50 илјади работни места, изјави идниот претседател.

– Маса рече дека никогаш не би го сторил тоа доколку не победевме на изборите, објави подоцна милијардерот на Твитер.

Масајоши Сон прецизира пред новинарите дека работните места ќе бидат отворени преку инвестирање во стартапи.

Според информациите на „Волстрит журнал“ парите ќе дојдат од фондот во вредност од сто милијарди долари, кој СофтБанк го создаде заедно со Саудискиот суверен фонд и други инвеститори за инвестиции во технолошки компании.

Би можело да ве интересира

Јапонија изгуби рекордни 900.000 жители за една година

Горан Наумовски

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“

Кина ги зголеми царините за американскиот увоз на 125 отсто

Горан Наумовски

Си Џинпинг: Кина не се плаши и нема да попушти пред неправедната репресија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кина гради многу воени бродови со неверојатна брзина, Пентагон е во шок