„Ги имаме сите потенцијали сами да ја извлечеме словенија од опасните води“, рече Јанша по состанокот со претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.
Јанша, кој донеодавна предупредуваше дека на Словенија и се заканува неликвидност, доколку не успее да ги продаде долгорочните државни обврзници, што не и поаѓаше од рака поради високите камати, денеска изјави дека може да избегне ситуација во која би барала помош, под услов да ги спроведе потребните реформи и фискална консолидација.
Станува збор за пет мерки, средување на јавните финансии со намалување на буџетскиот дефицит, санации на банкарскиот систем, реструктуирање на стопанството со приватизација на дел од државниот имот, како и спроведување на реформи на пензискиот систем и на пазарот на труд.