Извозот зголемен за 33,8 отсто, а увозот за 38,5

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари – септември годинава изнесува 6 133 253 000 долари и бележи пораст од 33,8 проценти во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 8 341 164 000 долари, што е за 38,5 проценти повеќе во споредба со истиот период од претходната година, објави Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – септември годинава изнесува 2 207 912 000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите за седишта и фероникелот.

Во увозот, пак, најмногу се застапени другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Податоците на ДЗС покажуваат дека во периодот јануари – септември годинава според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

A1on

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто