Извозот во првите пет месеци од годинава со раст од 29,1 отсто

Од:

Република Македонија во првите пет месеци од годинава извезла стока во вредност од 2.759.963 илјади американски долари, забележувајќи раст од 29,1 процент во однос на тој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци вредноста на увезената стока изнесува во тој период, изнесува 3.694.366 илјади САД долари, што е за 24,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во периодот јануари – мај 2018 година, изнесува
934.403 илјади САД долари.

Во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, деловите на седишта и моторните возила за превоз на 10 или повеќе лица. Најмногу се увезувале платина и легури на платина, нафтени масла и масла добиени од битуменозни минерали, како и плоснатовалани производи од железо или нелегиран челик.

Најмногу се тргувало со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Бугарија.

Би можело да ве интересира

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on

Граѓаните не можат да си дозволат нов автомобил: Лани продадени трипати повеќе половни отколку нови

A1on

Во првите 11 месеци од 2023 година покриеноста на увозот со извозот 75,2 отсто