Извозот на стоки од Бугарија во ЕУ е зголемен за 44,6 отсто во првите осум месеци од годината во однос на истиот период од 2021 година и изнесува 41,678 милијарди лева, додека увозот на стоки од ЕУ е зголемен за 33,3 отсто и достигнува речиси 38,7 милијарди лева, соопшти Националниот статистички институт.
Најголем раст на извозот на стоки во ЕУ во однос на истиот период од 2021 година е забележан во секторите „Минерални горива, масла и слични производи“ (295,2 отсто) и „Масти, масла и восоци од животинско и растително потекло“ (168,6 проценти).
Пад е забележан во секторот „Безалкохолни и алкохолни пијалоци и тутун“ (13,9 отсто). Најголем пораст на увозот на стоки од ЕУ е забележан во секторот „Масти, масла и восоци од животинско и растително потекло“ (152,8 отсто). Податоците се според Стандардната надворешно-трговска класификација.
Извозот во ЕУ е зголемен за 45,9 отсто во август 2022 година во однос на истиот месец од претходната година и изнесува 5,159 милијарди лева, додека увозот е зголемен за 36,4 отсто и изнесува 4,740 милијарди лева.
Извор: МИА