Извоз од 6,8 милијарди долари од јануари до октомври годинава

Од:

Вкупната вредност на извозот на стоки од државава во периодот јануари-октомври годинава изнесува 6.816.423.000 долари и бележи пораст од 29 проценти на годишно ниво. Вредноста на увeзената стока, во посочениот период, изнесува 9.302.587.000 долари, што е за 34,4 проценти повеќе во споредба со истиот период лани.

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, трговскиот дефицит, во периодот јануари-октомври годинава изнесува 2.486.164.000 долари.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, делови за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и фероникелот.

Во увозот, пак, најмногу се застапени „други метали од платинската група и нивни легури“, необработени или во облик на прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали, освен сурови, платината и легурите на платина, необработени или во прав и керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, во првите десет месеци од годинава најмногу сме тргувале со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Кина.

Би можело да ве интересира

Намалени и извозот и увозот, трговскиот дефицит до ноември лани 2,9 милијарди евра

А1он

Кризата во Германија го намали извозот на македонски производи, особено погодена текстилната индустрија

Трговскиот дефицит до октомври 2,62 милијарди евра

Извозот намален за 5,7 отсто, трговскиот дефицит 2 151,2 милиони евра

ДЗС: Опадна извозот, се зголеми увозот, трговскиот дефицит до јули е 1,92 милијарди евра

Трипуновски: Јаболкото во Ресен ќе остане неоткупено заради големиот увоз на странско јаболко во Македонија

A1on