Од почетокот на бербата досега само преку Царинската управа во Кавадарци се извезени околу милион ипол килограми праски, соопшти градоначалникот на Росоман Стојанче Лазов.
-Царинските службеници заедно со другите пропратни служби како фитосанитарната која издава уверение за квалитет на праските кои се извезуваат одлично ја тераат постапката и засега нема никакви проблеми при извозот, рече Лазов.
Извезените праски главно завршуваат на пазарот во Русија, нешто помалку во Украина и Белорусија но одат и во бившите југословенски републики Србија и Хрватска. Праските што се извезуваат, според градоначалникот, имаат супер квалитет и добра цена.