Излегува или не Грција на крај од планот за спас – прашања и одговори

Од:

Што значи механизмот за превентивна поддршка, што ќе прават Европјаните со грчкиот долг, и кои се ризиците на среднорочен план – ова се сите прашања на кои треба да бидат дадени одговори на претстојните конечни преговори помеѓу Атина и нејзините кредитори.

Прво прашање: Излегува или не конечно Грција од планот за спас?

Тековната програма за консолидација, позната уште и како втора програма за подршка или втор меморандум, тнр. план за спас, завршува на 31 декември 2014 година. Тоа значи дека од 1 јануари 2015 година, Грција нема да биде потчинета на никаков меморандум, познат како план за спас, како овој што постоеше досега. Но сепак, искористувањето на засилена превентивна кредитна линија од Европскиот механизам за подршка, каков што Грција сака да добие, предвидува потпишување на меморанудм со земјата.

Согласно условите за постоечкиот инструментарум, таквата кредитна линија ќе биде продолжена за една година и со можност за продолжување на секои шест месеци. Во неа е можно да учествува и ММФ, кои ќе го врши надзорот врз Грција. Со други зборови, се бара „формула“ за да може Грција да добие подршка на пазарите, но таа подршка би можела да биде обврзана со евентуален нов меморандум.

Второ прашање: Може ли Грција сама да застане на свои нозе?

За тоа да се случи, каматите од кредитите на државата, на пример за десетгодишните државни обврзници, треба чувствително да паднат до пет од сегашните осум проценти. По тоа на ред доаѓаат пазарите кои ќе го формраат размерот на кредитите, да даваат индикации дека не веруваат дека политиката за буџетска консолидација и реформи од страна на Грција ќе остане неизменета, и дека земјата ќе се придржува кон неа и по излегувањето од планот за спас.

Од таа гледна точка, пазарите ќе настојуваат да бидат дадени гаранции дека ќе се врши надзор од страна на тројката барем во рамките на некаков преоден период од една година, додека растот ќе продолжи и ќе се стабилизира создавањето на првите вишоци.

Трето прашање: Можно ли е да се премине кон „омекнување“ на буџетската консолидација и реформите?

За пазарите, рестриктивната буџетска политика и реализацијата на тешките реформи се единствено можни за надминување на кризата. И тоа е заради тоа што евентуалната политика за омекнување би создала ризик од излегување на долгот од шини, невможност да се извршат плаќањата и создавање на нови финансиски дупки кои ќе треба да бидат пополнувани или од партнерите или од самите пазари. Од друга страна, новиот режим кон кој се стреми Грција, ќе претставува поголема слобода за дејствијата на Атина.

Четврто прашање: Одржлив ли е грчкиот долг?

Грчкиот долг изнесува околу 320 милијарди евра, или речиси двојно БДП на земјата. Со други зборови, Грција должи два пати повеќе отколку што произведува за една година. Но за разлика од Италија, Грција изгледа дека е во подбра позиција. Најголемиот дел од нејзиниот долг се наоѓа во рацете на Европа и ММФ, а не на „отворениот пазар“. Тоа го прави исклучително невозможно „кратењето“ на долгот, но истовремено им покажаува на пазарите дека за него има гаранција и таа е европска. Заемите кои ги зема Грција се предвидува да бидат намалувани во следните години и со ниски камати, но ако се дојде до ново олеснување на долгот, тоа би го подобрило неговото обслужување, а земјата ќе добие посилно темпо за раст и ќе ги задржи на високи нивоа своите вишоци во следните години.

Петто прашање: Изгледно ли е „кратење“ на номиналната вредност на долгот?

Со сигурност најдобрата варијанта е долгот да биде отпишан на 30 или 50 проценти. Но тој не може да се крати ако земјата сака да остане во еврозоната, затоа што со 80 проценти од долгот веќе се наоѓа кај европските држави.

Шесто прашање: Ќе го одржат ли Европјаните ветувањето за понатамошно олеснување на грчкиот долг?

Државите членки на еврозоната изгледа веќе размислуваат за тоа прашање. Тие велат дека статистичките податоци се подобри и дека е нужно да биде анализирана повторната одржливоста на долгот, за да се процени дали повторно може да биде олеснет. Прашањето сега е дали тие намери се појавуваат во момент кога Грција се повеќе создава почва за сценарио за евентуални избори и се водат тешки преговори со кредиторите за условите по излегувањето на земјата од планот за спас, и за нов пат за земјата по 1 јануари 2015 година. Во тие преговори, Европа држи еден од своите најсилни адути.

Седмо прашање: Обврзувачки ли е договорот со кредиторите од ноември 2012 година, за понатамошно олеснување на грчкиот долг?

На чисто експертска основа беа формулирани конкретни услови во договорот од ноември 2012, за воведување на дополнителни мерки за олеснување на долгот. Во секој случај и така решението за ново олеснување на долгот има чисто политичка смисла, но треба да се внимава на една доста изразена несигурност на политичпката сцена во Грција.

Осмо прашање: Која е најголемата опасност за Грција по излегувањето од планот за спас?

Во моментов во Грција владее несигурност и таа е многу висока. Нејасна е политиката која земјата ќе ја заземе по излегувањето од планот за спас, како и тоа дека не се знае каква влада ќе дојде на власт во 2015 година ако дојде до предвренмени избори, во случај сегашниот парламент да не избере нов претседател.

Од таа гледна точка, претстои една доста голема дистанца од постигнувањето на посакуваното темпо за економски раст и создавањето на првите вишоци. А на основа на таа дистанца демне големата опасност од продолжување на стагнацијата, која би можела да ги подрие основните очекувања на кои се базираат сегашните оценки за можните финансиски дупки во следните години, и за одржливоста на грчкиот долг.

Имерисија – Атина

 

Би можело да ве интересира

Маринакис: Логиката на употреба на уставното име формално, но не и во јавни настапи не може да биде прифатена од Грција

Герапетритис: Ќе бидеме строги за верното и доследно спроведување на Договорот од Преспа од Северна Македонија

Маринакис: Очекуваме да го видиме ставот на новата Влада на Северна Македонија

Македонско – грчките односи и понатаму во фокусот на медиумите во Грција

Полицијата упадна на Правниот факултет во Атина, уапси 28 лица

Грција бара Македонија целосно да се усогласи со Преспанскиот договор