Итно повлечени сладоледи од пазарот во Македонија – имале зголемено присуство на етилен оксид

Од:

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека операторот со храна АЛМА М, врз основа на издадено решение од АХВ, од пазарот врши итно повлекување и отповикување на небезбедни производи односно сладоледи, поради утврдено зголемено присуство на етилен оксид.

Од пазарот се повлекуваат сладолед KIT KAT стапче со потекло од Франција, сладолед Милка Ванила и Чоколадо Стапче со потекло од Полска и сладолед Милка Чоколадно Стапче со лешник од Полска.

Причина за повлекување на сите сладоледи е дека претставуваат небезбеден производ поради присуство на етилен оксид кој е потенцијален ризик по здравјето на луѓето.

„Горенаведените производи, во количина од 3.080 литри и 30.064 парчиња, при контролата од инспекциските служби на АХВ, затекнати се во магацинот на увозникот. Небезбедниот сладолед е ставен под службен надзор, односно, забрането е негово ставање во промет“, соопшти АХВ.

АХВ апелира до потрошувачите кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски број/лот, да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или да ги уништат.

Би можело да ве интересира

Месарниците во земјава се под лупа на инспекторите, велат од АХВ

А1он

АХВ „подели“ 23 казни за кафеани кои организирале предновогодишни прослави

Горан Наумовски

Агенцијата за храна ги контролира новогодишните пактчиња

Катерина Ѓуровски

Изречени 23 парични казни на продавници за храна

Да се донесат измените на Законот за заштита и благосостојба на животните бараат АХВ и ветеринарите

Катерина Ѓуровски

Уништени 50 килограми небезбедна храна во Крива Паланка