Исланд стана првата земја во која ќе биде нелегално мажите да земаат повисоки плати од жените

Од:

Исланд стана првата земја во светот во која ќе биде илегално мажите да земаат повисоки плати од жените, пренесоа светките медиуми.

Според новиот закон, компаниите и владините агенции со повеќе од 25 вработени ќе треба да добијат сертификати за еднаквост на платите, а оние кои нема да успеат во тоа ќе бидат принудени да платат казни.

„Станува збор за механизам кој ќе осигура дека мажите и жените се подеднакво платени за истите работни места“, рече Дагни Оск Пинд, членка на одборот на Исландската асоцијација за женски права.

Новиот закон стапи на сила во понеделникот, а беше објавен на Денот на жената минатата година. Тој доби поддршка од коалициската влада и опозицијата во парламентот, каде што жените сочинуваат 50 отсто од членството.

„Мислам дека луѓето почнуваат да сфаќаат дека нееднаквоста во платата е системски проблем со кој треба да се справиме преку нови методи“, изјави Арадотир Пинд за „Ал Џезира“.

Инаку, светскиот економски форум (WEF) го прогласи Исланд за водечка земја во борбата против родовата нееднаквост деветта година по ред, а владата вети дека целосно ќе ја искорени нееднаквоста во платите до 2022-ра година.

Би можело да ве интересира

Исланд го погодија два земјотреси со јачина од 5,2 и 5,3 степени

Пилоти ги служат патниците во „ИсландЕр“, стјуардесите отпуштени

Ана Ололовска

Зошто е толку скапо на Исланд?

Ана Ололовска

„Глобал Фајненс“: Исланд најбезбедна земја во светот, Македонија на 59 место

Наум Локоски

Исланд: Вработени 70 отсто од 17-годишниците

Ана Ололовска

Исланд најмирна земја во светот, Македонија на 87. место

Наум Локоски