Иранскиот риал на рекордно ниско ниво

Од:

Ирански риал достигна денеска рекордно ниска вредност во однос на доларот, поради влошувањето на економската ситуација во Иран и повторно воведување американски санкции.

За еден долар се добиваат 170.000 риали.

Риалот од почетокот на годината загуби 75 проценти од својата вредност.

Иранската валута паѓа со месеци поради лошата економија, финансиските тешкотии и високата побарувачка за долари меѓу Иранците, стравувајќи дека повлекувањето на САД од нуклеарниот договор 2015 година и обновените санкции на САД би можеле да го намалат извозот на иранската нафта и други стоки.

Санкциите против иранската нафтена индустрија треба да стапат во сила во ноември.

Иранскиот претседател Хасан Рохани вчера во говорот пред Генералното собрание на ОН изјави дека САД водат „економска војна” против Иран со еднострани санкции.

Би можело да ве интересира

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Хамнеи: Преговорите со Американците може и не мора да успеат

ВИДЕО: Подготвени сме да го нападнеме Иран, порача американскиот секретар за одбрана

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“