Иранската национална валута риалот продолжи да губи на вредност како последица на воведувањето на новите американски санкции кон Иран.
Риалот на неофицијалниот девизен пазар достигна вредност од 112.000 ирански валути за една американска, што претставува до сега најниска негова вредност во однос на доларот.
Во исто време, според официјалната државна курсна листа еден долар чини 44.070 ријали.
За споредба, на 1 јануари годинава еден долар официјално се менуваше за 35.186 ријали.