ИПАРД 3 новости во програмата – Авансна исплата до 50% од висината на финасиската поддршка веднаш по потпишување на договорот

Од:

ИПАРД 3 нуди нови можности за македонското земјоделство. Една од новостите во новата ИАПРД 3 програма е авасната исплата до 50% од висината на финансиската поддршка, веднаш по потпишување на договорот.

Тоа, низ пример, значи дека ако се конкурира со проект вреден 100.000 евра за мерка каде повратот на инвестицијата е 60 %, апликантот, преку авансното финансирање, со склучување на ИПАРД договорот ќе добие до 50 % од средствата или 30.000 евра однапред. Ова ќе биде големо олеснување за побрза раелизација на сите инвестиции и голема финансиска помош.

Преку авансната исплата директно им помагаме на апликантите, кои сега ќе имаат на располагање дел од средствата однепред на самиот почекот од инвестицјата, без да треба да се задолжуваат кај банките.

Со новата ИПАРД 3 програма воведуваме и нов начин во обезбедување на потребната документација, ќе се користи електронски системи за набавка на документи од Централен регистар, одобренија за градба и слично, со што ќе се поедностави, олесни и забрза процесот и ќе се намалат трошоците за корисниците.

Прва земја во регионот сме која стартува со реализација на новата ИПАРД 3 програма. Вкупната вредност на новата ИПАРД 3 програма изнесува 97 милиони евра, европски неповратни сретства наменети за модернизација и развој на македонското земјоделство.

Првите 30 милиони евра веќе се на располагање за инветиции со првиот јавен повик од ИПАРД 3 програмата за мерките 1 и 7.

Мерката 1 од јавниот повик се однесува на инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства, а како приоритетни сектори се јавуваат растителното производство, сточарското производство, производството на риба, потоа преработка и маркетинг на сопствено земјоделско производство на земјоделско стопанство и инвестиции во обновливи извори на енергија за сопствени потреби.

Додека мерката 7 од јавниот повик се однесува на диверзификација на фарми и развој на бизниси, а како приоритетни сектори се јавуваат алтернативно земјоделско производство, преработка на алтернативни земјоделски производи, производство на прехранбени производи и пијалоци, производство на не-прехранбени производи, поддршка на занаетчиски активности, поддршка на услуги за рурално население, поддршка на услуги во земјоделство и поддршка на рурален туризам.

Заинтересираните апликанти повеќе информации за јавниот повик можат да најдат на следниот линк на веб страната од Платежната Агенција

https://ipardpa.gov.mk/mk/Home/IpardPovici/9

Би можело да ве интересира

Преку ИПАРД 3 стопроцентна поддршка до максимум еден милион евра за проекти на руралните општини

Николовски: Со првиот повик од ИПАРД 3 програмата го срушивме рекордот на интерес кај земјоделците

Средба Николовски – Кошарац: Подготвени сме нашето позитивно искуство со ИПАРД програмите да го споделиме со БиХ

Потпишување на финансиската спогодба за ИПАРД 3

Младите земјоделци во фокусот, над 50 милиони евра поддршка преку ИПАРД и „Млад земјоделец“

Можностите и критериумите за користење средства од ИПАРД 3 претставени пред стружани