Инвеститорите на светските берзи воздржани во пресрет на седницата на ФЕД

Од:

Индексите на светските берзи денеска се движат малку под тримесечниот максимум, додека доларот падна пред состанокот на Федералните резерви на САД (ФЕД).

По неколку недели на силен раст, поттикнат од надеж за брзо закрепнување на економијата по укинувањето на ограничувањата воведени поради коронавирусот, оптимизмот на пазарите на капиталот се чини дека исчезна, коментираат светските агенции.

Инвестициите во безбедни средства, од злато до јени, исто така укажуваат на претпазливост на инвеститорите.

Европските берзи зајакнаа за 0,8 проценти во утринското тргување, но сепак се под тримесечниот максимум.

Најширокиот индекс на аизско-пасифичките акции, МСЦИ, без јапонските, кој скокна за 9,0 проценти од почетокот на јуни, зајакнувајќи се за 35 проценти во однос на минимумот забележан во март, денеска се зголеми за 0,4 проценти.

Индексот на берзата во Токио забележа добивка од 0,15 проценти.

Индексот МСЦИ на движењата на цените на акциите на пазарите ширум светот се зголеми за речиси 45 проценти во однос на четиригодишниот минимум регистриран во средината на март, но, исто така, остана под неодамнешниот тримесечен максимум.

На пазарите на капитал не очекуваат нови акции на ФЕД, но какво било навестување за олеснување на монетарната политика може да влијае на апетитот на инвеститорите за ризик и да влијае на растот на доларот, проценуваат познавачите.

Податоците за најостриот пад на кинеските производни цени во последните четири години, објавени денеска, укажуваат на бавноста на глобалната побарувачка, а исто така, го илустрираат и негативното влијание што пандемијата на корона вирусот го има врз глобалната економија.

Шпекулациите дека ФЕД може да преземе некои чекори за да го спречи неодамнешниот раст на приносите на државните обврзници го турна доларот.

Индексот на доларот, кој ја мери вредноста на американската валута во однос на корпа на другите главни валути, падна на нов тримесечен минимум на 96,106 поени.

Американската валута падна за 0,4 проценти во однос на јапонскиот јен на 107,29 јени, достигнувајќи го најниското ниво за околу десет дена.

Еврото се засили на 1,1352 американски долари, додека австралискиот долар го затвори тргувањето на ниво од 0,6991 американски долари, во пораст за околу 0,5 проценти.

Цената на златото остана стабилна на 1.718 американски долари за унца, додека цените на нафтата паднаа поради обновените стравувања од прекумерна понуда и слабеење на економијата.

Северноморската нафта „брент“ падна за 1,5 проценти на 40,58 американски долари за барел, додека американската WTI нафта се тргуваше по цена од 38,21 американски долари за барел, што претставува намалување за 1,9 проценти.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) После серија моќни торнада, 50 луѓе затрупани во урнатините во Мичиген

Горан Наумовски

Америка ја прекина испораката на бомби во Израел

Стејт департмент: Ескобар не е сменет, ќе добие нова функција во рамките на редовната ротација

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол