„Интел“ оствари приход од 13,5 милијарди долари

Од:

Американскиот информатички гигант „Интел“ соопшти дека во вториот квартал од оваа година остварил вкупен приход од 13,5 милијарди долари.

Во посочениот период оперативната добивка на компанијата изнесувала 3,8 милијарди долари, а нето профитот 2,8 милијарди долари или 0,54 долари по акција.

„Вториот квартал го одбележа непрекината работа со постојано зајакнување во поглед на дата центрите и повеќекратно претставување на нови производи во секторот на ултрабукс и смартфоните“, изјави претседателот и главен извршен директор на „Интел“, Пол Отелини.

За третиот кавртал компанијата очекува забавување на развојот, поради, како што нагласи Отелини, поголемите предизвици во макроекономското опкружување.

„Мислам дека за оваа година, но и за во иднина сме во одлична позиција со оглед на најавите за нови производи, во комбинација со долгорочните инвестиции кои ги правиме во областа на производите и производството“, истакна Отелини.

Би можело да ве интересира

Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Драган Поповски

Сеавус талент програма за IT операции и поддршка

Ана Ололовска

Заработувачката на Хуавеј Технолоџи се зголеми за 28,1 отсто

Ана Ололовска

Робот диригираше со оркестар на концертот на Бочели во Пиза

Ана Ололовска

Аудио плеер за лица со посебни потреби

Ана Ололовска

Паметниот часовник на „Епл“ наскоро влегува во производство

Емир Латифовиќ