Инспекција во фабриката за акумулатори за авионите „Боинг 787 Дријмлајнер“

Од:

Инспектори на САД и на Јапонија почнаа проверка во фабриката каде се произведуваат акумулаторите за авионите „Боинг 787 Дријмлајнер“.

Авионите Боинг 787 беа приземјени по серијата инциденти со овој вид на авиони.

Авионите од типот „Дримлајнер“ доцнеа и откажуваат летови поради истекување на масло и гориво, имаа проблем со акумулаторите и неисправност во сопирачкиот систем.

Со одлуката на Федералната авијациска администрација на САД 30 од 50 авиони „Боинг-787“ во светот засега нема да можат да летаат се додека не се извршат безбедносните тестови.

„Боинг“ соопшти дека го продолжува производството на авионот „Дријмлајнер“, ноп оти нема да им се достават на купувачите се додека не се утврдат причините за инцидентите.

Би можело да ве интересира

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски

Ер Франс и Луфтханза ги прекинаа летовите кон Бејрут, Тел Авив и Техеран