Инспекциите ќе проверуваат дали се исплаќаат празнични дневници

Од:

На сите фирми кои ќе работат денеска ќе треба да им се исплати празнична дневница, која е 50 проценти повисока од регуларната.

Работодавачите кај коишто се евидентира работата на празник, истата ја исплатуваат со зголемена дневница. Прекршок прават оние работодавачи кои не го евидентираат работењето на празник.

Дали и каде има прекршувања и какви санкции ќе бидат изречени за оние работодавци кај кои евентуално контролите ќе покажат дека не исплатиле празнична дневница, законот е многу јасен, вели Порпаролот на Министерството за труд и социјална политика, Давор Политов, во интервју за Фактор.

Дел од компаниите ги исплаќаат празничните дневници, дел пак не ги исплаќаат, а трети прават манипулации со пресметките за плата. Со измените на Законот за работни односи во февруари годинава, се воведе обврска сите што ќе работат на празник тоа да мораат да го пријават, со оглед дека од донесувањето на законските измени единствени празници беа првомајските и денешниот празник, а платата за нив ќе се земе во јуни, дури на средината на летото контролите ќе покажат дали се исплатени или не празнични дневници.

Контроли за исплаќањето на празничната дневница се правеле и претходно по стариот закон, но не се евидентирани посебно како прекршок. Политов вели дека во просек годишно се правени околу 30.000 редовни, контроли и поднесувани се околу 950 барања за поведување на прекршочна постапка, а дел од нив се однесуваат и на неисплаќањето на празнична дневница.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана